речник контакт

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за преиспитување на цената за собирање на отпадот во Општина Велес

Поради решението на Уставен, Советот на Општина Велес донесе Заклучок дека нема повторно да се разгледува Одлуката за изменување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустриски отпад на територијата на Општина Велес

Петар Печков

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за законитоста на висината на цената на собирање на комуналниот и индустриски отпад донесена од Советот на општина Велес на 14 јуни 2023 година.   Со Решение Уставниот суд ја  потврдува законитоста на   оваа Одлуката  објавена во службен гласник на 15 јуни 2023 година. 

Судот оценил дека Одлуката за изменување и дополнување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велесе донесена врз основа на релевантна законска регулатива која била на сила и произведувала правно дејство во моментот на донесување на Одлуката. И дека се испочитувани законските одредби кои биле важечки во моментот на донесување на истата. Цената на услугата се определува врз основа на Методологијата за пресметување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпад која има важност се до денот на започнување на примена на Правилникот за утврдување на тарифи за отпад. Оттука, Судот оцени дека не може да се доведе под сомнение уставноста на оспорената одлука во однос на член 8 став 1 алинеи 1, 3, 9 и 10 и членовите 9, 51, 52 и 54 од Уставот на Република Северна Македонија, како и членовите 107. 108, 109 и 110 од Законот за управување со отпадот, со кои се утврдуваат постапките за утврдување на цената на собирање комунален отпад.

Наводите со кои се оспорува законитоста и уставноста на одлуката, судот оценил дека се неосновани, односно се констатира дека Општина Велес имала законски основ да ја донесе одлуката согласно важечките прописи во моментот на нејзино донесување.

Инциијативата до Уставниот суд била поднесена од причина што граѓаните на Општина Велес  со тогаш донесените цени на комуналнито и индустриски отпад се ставале во нееднаква положба и им се повредувало правото на управувањето и определувањето на цената на комуналниот отпад.

„Висината на цената на комуналниот и индустрискиот отпад и водата за пиење е определена спротивно на постапката утврдена со Законот за управување со отпадот и Методологијата за пресметување на цената за собирање и транспортирање на отпад, што укажува на нееднаков третман и пристап на граѓаните.и правните лица кои живеат на територијата на Општина Велес“ – пишува во иницијативата, која е оптфрлена.

На седница на Советот на 28 август 2025 година беше донесен Заклучок Совет со новиот мандат, повторно да ја разгледа Одлуката за висината на цената на комналниот и иднсутриски оптад, со нејзино намалување.  Поради решението на Уставен,  на 14 седница на Советот на Општина Велес  донесен е Заклучок дека нема   повторно да се разгледува  Одлуката за изменување на висината на цената за собирање и транспортирање на комуналниот и индустриски неопасниот отпад на територијата на Општина Велес. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »