Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 декември 2023
Учениците од три училишта од Велес, две основни од ООУ „Васил Главинов“, ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и средното „Димитрија Чуповски“изработија новогодишни честитки од рециклирана хартија.
Истите новогодишни честитки ги поделија на децата во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Велес и на минувачите, сè со цел подигнување на свеста и зголемување на знаењето за начинот на рециклирање на хартијата.
Оваа активност е во рамките на проектот „И хартијата има вредност – рециклирај за здрава иднина!”.
Проектот го реализира Здружението на граѓани „Ресурсен центар на лица од ранливи категории“ - Велес во партнерство со Здружението на граѓани „Куќа на среќата” – Скопје и финансиран е од Европската унија, се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), со финансиска поддршка од Општина Велес.
фото Општина Велес
Tweet |