речник контакт

Учениците не посетуваат настава во Превалец

Родителите имаат повеќе барања, локалната власт прифаќа само едно за хигиената. Реонизацијата и комбинираните паралеки во овој момент се нерешливи

Петар Печков

 Педесетина  ученици од населбата Превалец од денес (четврток) започнаа   со бојкот на  наставата. Учениците од Превалец  не одат на училиште денес и утре, како предупредување, по барањето за подобри услови за настава.

Нашето училиште е подрачно на основното од населба Горно Оризари.   Ние како родители не ги пуштаме децата на настава по неколку основи. Во 2011-та имавме поднесено барање за одвојување од училиштето во Горно Оризари, оти реонски припаѓаме на градот. Децата што одат во Васил Главинов во Велес им е поблизу од тие што учат во Горно Оризари.   Вакво барање имаме поднесено и во февруари 2014 година. Но одговор немаме од локалната власт, додека од Министерството за образование не информираа дека тоа е прашање за општината. Згора на тоа имаме  комбинирана паралелка од ученици во 4-то и 5-то одделение, што за нас  е неприфатливо бидејќи квалитетот на настава е  послаб – рече Љупчо Димитров родител на дете кое учи во подрачното училиште на ОУ Рајко Жинзифов.

Поради лошите услови за настава во Превалец, родителите потсетија дека децата од шесто одделение и повисоко не продолжуваат  во  матичното во Горно Оризари,  туку се отпишувале и запишувале во училиштата во Велес. Поради ова тие се  изложени на дополнителни трошоци за превоз. 

Незадоволните родители  посочија на столбот за електрична енергија, кој се наоѓа во дворот на училиштето, во неколку наврати барале да се отстрани но и натаму тој е потенцијална опасност за децата поради тоа што е  накривен. Според нивните информации во 70-тите, кога било изградено училиштето припаѓало на ОУ Васил Главинов за потоа да се префрли кон ОУ Рајко Жинзифов во Горно Оризари.   Градоначалникот на општина Велес најави решавање на дел од проблемите.

Реакциите за нивото на хигиената се на место и поради тоа ќе се преземат одредени дисциплински мерки. Но по реакциите са комбинираните паралелки  не може да се преземе ништо, оти спротивно на Закон не се дозволува паралелки со по 9  и 10 ученика во одделение. Што се однесува за припојувањето кон велешко ОУ тоа во овој момент е неостварливо оти наставната година е започната и не е  можна никаква нова реонизација – изјави градоначалникот Славчо Чадиев.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »