Петар Печков
Објавено: среда, 04 септември 2024
Учениците од Долно Јаболчиште после многу години и децении добија зграда каде ќе посетуваат настава за основно образование до деветто одделение. Досега таму настава посетуваа во стара зграда ученици до петто одделение.
Училиштето ги отвори вратите за учениците денес, 4 септември и тоа е подрачно училиште на ОУ „Лирија“ од Горно Јаболчиште. Има корисна површина од 346 м2.
„Изградено е современо училиште и ги исполнува условите за деветолетка, тоа ќе ги прими сите ученици од прво до деветто одделение и од Долно Јаболчиште и од Горно Врановци. Со ова учениците кои патуваа од Долно до Горно Јаболчиште и од Горно Врановци олеснета им е посетата на наставата. Ќе посетуваат едносменска настава има девет училници, три канцеларии, од кои една е за библиотека, друга за наставници и третата за управителот, десет современи хидро санитарани вц како и приод за децата со посебни потреби и специјални санитарии за нив. Решено е греењето Од учениците 20 се првачиња, 118 се од прво до петто одделение и останатите 112 се до деветто одделение“ – кажа директорот на ОУ Лирија Јусуф Ахмедов.
Со ова се растоварува наставата во Горно Јаболчиште за 230 помалку, кои настава ќе посетуваат од прво до деветто одделение во Долно Јаболчиште. Досега настава во Горно Јаболчиште посетуваа безмалку 827 ученика.
Инвестицијата е во прва фаза до карабина преку средства од Буџетот на Општина Чашка од 5 милиони денари, а изградбата на школото со средства од Министерството за образование и наука во висина од 17 милиони денари, втора фаза.
Свечениот чин на пуштање на зградата го извршија заменикот министер за образование Лулзим Алиу, градоначалникот на Чашка Горан Стојановски и директорот Ахмедов.
Tweet |