Петар Печков
Објавено: недела, 16 декември 2018
Учениците од струката готвачи кои се сместени за престој во Интернатот ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес, покажаа грижа за бездомните животни во градот. Кучињата и мачки кои се сместени во прифатилиштето на Здружението за заштита на животните ,,Гласот на животните,,.
Заедно со директорот и своите воспитувачи донираа 50 кг храна за кучиња, 4 душека и 18 ќебиња за животните скитници згрижени од страна на здружението за заштита на животните Animal’s Voice.
Средствата за храната беа собрани од самите ученици сместени во ОУД „Лазар Лазаревски“ Велес, откако беше организиран натпревар во готвење со хуманитарен карактер, на кој учениците – готвачи ги одмерија своите готвачки способности во правење слатки. Интересот за настанот кај учениците беше огромен, слатките беа со симболична цена, достапни за секој ученик и беа распродадени во рекордно време. Собраните средства се искористија за купување на храна за бездомните животни- кажа Марјанчо Јорданов директор на средношколскиот интернат.
Tweet |