речник контакт

Учениците од Хемиска и од ОУ Блаже Конески победници на општинскиот натпревар по прва помош

Учество земаа осум екипи, по четири од основно и средно, со по шест натпреварувачи

Петар Печков

Најстариот Општински натпревар во Велес е за давање  на прва помош. Денес претпладне се одржа 46 по ред, годинава во паркот пред Гимназијата. На него  учествуваа осум екипи, по четири од основните и четири од средните училишта во градот.

Екипите  беа составени од по шест ученика,  работеа на три пунктови со вкупно осум повреди. Оценувањето го извршија судии, лекари по звање,  сите со над 20-годишно искуство со првата помош и општинските натпревари.

Во конкуренција на млади, кај средношколците победија учениците од средното хемиско училиште „Димитрија Чуповски“ додека кај подмладокот, кај основите училишта учениците од  „Блаже Конески“. Учениците од Хемиска како победници се здобија со можност да учествуваат на државното првенство, кое ќе се одржи во септември.

Согласно освоените поени и квалитетот на изработените повреди, беше констатирано дека оваа година екипите под водство на нивните ментори покажале завидно знаење и ја промовираа првата помош во вистинско светло.

Освен трите пунктови каде се покажуваше знаењето по првата помош, имаше и два пункта кои беа од рекреативен карактер. Таму се играа забавни игри и се вршеше дисеминација за Црвениот крст.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »