Петар Печков
Објавено: четврток, 01 септември 2011
Новата учебна година започна за 410 првачиња во општина Велес во шесте основни училишта. Наставата не започна во селото Иванковци, откако зградата на училиштето изгоре во голем пожар на 15 јуни. Во меѓувреме таа е започнатата, но не е изградена.
Градоначалникот на општина Велес смета дека објектот ќе биде готов за десетина дена, и за толку време децата од ова село ќе тргнат на настава. За него не е решение за овој период тие да се превезуваат со автобус во друго место, заради одвивање на наставата.
Проблемите со уписот на прво одделенците во ОУ Блаже Конески, чии вработени протестираа и бараа отворање на повеќе паралелки во прво одделение, со помал број на ученици, исто како што било случај во ОУ Васил Главинов, градоначалникот Петров рече дека ќе се решат пред се во интерес на децата.
Според бројките на матичната служба во Велес годинава требаше да се запишат 513 прво одделенци а бројката е за стотина помала. Градоначалникот Петров оваа разлика ја припишува на иселувањето и миграцијата на бројни семејства надвор од границите на земјава.
Локалната власт се уште не добила согласност од Министерството за образование, по барањето во основни училишта да работата паралелки во прво и петто одделение, со помал број од 24 ученици колку што е законскиот дозволен минимум.
Намален е бројот на ученици и во училиштата каде учат деца од другите националности. Бузалково се запишани 30 албанчиња во прво одделение, наспроти претходните години кога ги имало по 60 и повеќе. Слична е состојбата во Горно Оризари каде учат Бошњаци и има само 12 првачиња, додека претходно имало по 30-тина, Лоша е состојбата и во повисоките одделенија во велешко , во шесто, седмо, осмо каде има паралелки со по 20 ученика.
Во Велес во новата учебна година настава ќе посетуваат 4.950 основци и 2.850 средношколци.
Tweet |