речник контакт

Учеството на велешани во Првата Балканска војна

Наскоро документирано за настаните во Тракија, каде тие се бореле и со книга. За прв пат претставено и знамето на велешката чета

Петар Печков

Историчарите со нови информации, дека велешани масовно се одѕвале во Балканските војни особено во Првата, а биле мобилизирани во деветтата доброволна дружина. Тие најавија и книга во која ќе се прикажат сите нивни борби во 1912-тата година, кога 848 лица од велешко се бореле во  Тракиско. За прв пат објавено и знамето на четата кое се бореле.

Велешани масовно се одѕвале за учество во  Балканските војни,  поготово во Првата. Биле  имобилизацијата во Деветтата  Ополченска доброволечка дружина која броела 15 дружини .  За жал, наместо тука тие војувала во Одринско- Тракиско со 848 доброволци од велешкиот крај. Зачувани  се документите од таа дружина , а тоа наскоро  и велешката и македонската јавност ќе го види во една публикација што ја подгорувам  заедно со колегата  Зоран  Тодоровски. Тоа е преку записи на мајор  Дарвинков   родум од Кукуш.  Тоа е бугарска книга, која ние ја преведовме на македонски . Во неа ги има сите велешани кои учествувале со име и презиме, кој погнале, кои биле ранети. За жал, сите тие како доброволци, како и останатите Македонци се водат како Бугари, Срби, Грци, немаат свој гроб, немаат свој идентитет -  изјави проф. Трајановски.

Овие нови моменти, досега  непознати двајцата автори го пронашле истражувајќи во архивите во Велико Трново и Софија во Бугарија, во Москва и Париз.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »