Петар Печков
Објавено: вторник, 19 јули 2011
Вардарскиот Плански регион ќе го решава проблемот на енергетската ефикасност во основните училишта од руралните општини од Повардарието.
Тие аплицирале и добиле средства од Бирото за регионален развој за изработка на елаборат и техничка документација за енергетска ефикасност. Со овој идеен проект се бара решение за замена на столаријата – дограмата со ПВЦ прозори и замена на светилките со енергетски ефикасни, во училиштата каде децата треба да добијат современи услови за следење на наставата.
Тој се однесува за основните училиштата од руралните средини во Лозово, Росоман, Градско, Чашка и Демир Капија. По изработката на овој проект, со негова помош ќе се бараат средства за негова примена.
Tweet |