речник контакт

Училиштни униформи за основците од Велешко

Секој ученик добива два маици на кратки ракави, една на долги и еден дуксер. Униформите се обезбедени со средства од општинскиот Буџет

Петар Печков

Започна распределбата на повеќе од четири илјади училиштни униформи за учениците од основното образование во велешко. Во текот на вчерашниот ден беа поделени во ОУ Блаже Конески и ОУ Васил Главинов, соопштија од локалната власт. Распределбата продолжува и во другите пет основни училишта на територијата на Општина Велес.  Истите се бесплатни за децата, набавени со средства од општинскиот Буџет.  

„Учениците од прво до деветто одделение ќе добијат унифицирани ученички униформи, по три или четири за дете. Сакав ова да се воведе порано, но во општината имаше други приоритети.  Од почетокот на учебната 2026/27 година, сите ученици, во сите основни училишта ќе добијат униформи. Тоа беше и барање на голем број родители“ – кажа градоначалникот Марко Колев, кога на почетокот од годинава го најави овој проект. 

Со оваа мерка се  намалуваат финансиските трошоци за семејствата и се создават еднакви услови за образование, дополнително се влијае и на намалување на врсничката поделба и насилство по овој основ. 

Секој ученик добива два маици на кратки ракави, една на долги и еден дуксер Претходно секој ученик доставил мерки, врз основа на кои се доделни по три комплети училиштна униформа за секој ученик.

 фото Општина Велес  

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »