Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 јуни 2019
Со последната крводарителска акција, реализирана во ЈКП Дервен, кога беа собрани 20 крвни единици, годишниот план за крводарување за општина Велес е реализиран.
Досега за неполни шест месеци собрани се 1871 крвна единица а планот е 1861.
За потсетување во 2018-та година планот беше остварен со 243% . Или собрани вкупно 4.519 крвни единици со што Општинската организација на Црвен крст беше најдобра во Македонија.
Tweet |