Петар Печков
Објавено: среда, 15 декември 2021
Изминатото деноноќие починати се две пациентки од Велес, кои се лекувале во Инфективното одделение од велешка Болница. Од таму дополнија дека едната е на 71 годишна возраст а втората е на 80 годишна возраст и двете позитивни, со повеќе коморбидитети. Со ова бројот на жртвите како последица на корона вирусот во велешко достигна од 273 лица.
Изминатите 24 часа во велешко има шест ново заразени со ковид-19 додека оздравени се осум, објавија од Министерството за здравство, согласно здравствениот билтен за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи е 173 лица.
Во двете ковид одделенија од велешка Болница претпладнево има згрижено 31 пациент, еден помалку од вчера. Од нив 19се потврдени позитивни со ПЦР тест, по еден е непотврден и 11 се негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примен е еден нов случај, нема испишани како оздравени. На континуирана кислородна поддршка се 19 пациенти“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на велешка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 24 пациенти и седуммина се на Интерно.
Tweet |