речник контакт

Уште еден велешанец во притвор откако во домот му е пронајдена дрога

Bo домот на велешанецот Љ.М. (54 год) била пронајдена бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана и дигитална вага

Петар Печков

Велешанецот Љ.М. (54 год) доби мерка пртивор од 30 дена,  поради постење на можноста да го повтори делото, да влијае на сведоците или побегне. Тој доби кривична пријава  „Неовластеното производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни супстанции и прекурсори“  Јавен обвинител  побарал а судија во претходна постапка при Основен суд Велес  му ја изрекол оваа мерка. 

„На 5 октомври во 14:10 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Љ.М.(54 год) од Велес. Полициски службеници од Отсекот за економски криминал и Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, по претходно издадена наредба од Основен суд Велес, извршија претрес во дом и помошни простории на Љ.М. во село Војница, општина Чашка, при што биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, марихуана и дигитална вага“ – соопшти Ана Милевска Ѓеоргиева, портпаролка на СВР Велес.

Ова е втор притвор за два дена на лице кое се сомничи дека дила дрога. 

фото архива

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »