речник контакт

Уште еден инцидент, по кој предизвикувачот е однесен во Психијатриска болница

Лицето предизвикало инцидент во Поштата во Росоман а нападнало и жена на улица

Петар Печков

Во текот на вечераниот ден, четврток, инцидент во Поштата во Росоман. Го предизвикало лице кое потоа е пренесено во Психијатриска болница. МВР со детали з  инцидентот.


„На 29 септември  во 12.30 часот во Росоман, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода М.Ж.(46) од Росоман затоа што околу 11.30 часот со употреба на сила и остар предмет го искршил стаклото од влезната врата на поштата во Росоман, при што со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци, се здобил М.К.(74 год) од Кавадарци, кој бил во поштата. Според пријавеното, после тоа тој излегол од поштата и пред продажен објект во Росоман физички нападнал 51-годишна жена од Росоман. По лишувањето, лицето било спроведено во Психијатриска болница во Негорци“ - соопшти Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес.

За потсетување понеделникот во Превалец беше нападната екипата на Итната помош и полицајци, а лицето кое го предизвика инцидентот заврши во Психијатриска болница Бардовци.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »