Петар Печков
Објавено: петок, 17 февруари 2017
Во Куманово во 14-то коло од Првата футсал лига, лидерот на табелата, екипата на КМФ Велес победи со уверливи 3:14, полувреме 0:7.
Претпоследно пласираната екипа во ова елитно друштво, не беше сериозен противник, па така единствена непозната беше со колку гола разлика ќе заврши средбата.
Стрелци на головите: Левески х 4, Ранготов х 3, Крстевски х 3, Петровиќ х 2, Глигоров х 1, Леовски х 1.
Во следното коло велешани се слободни.
Tweet |