речник контакт

ФК Башкими го доби локалното дерби со ФК Тополка, со новите дресови донација од Кочо Анѓушев

ФК Борец и натаму лидер на Третата лига Југ, во Општинската фудбалска лига три екипи во борба за врвот. Реми за фудбалерките на ЖФК Борец во Радовиш

Петар Печков

Победа во локалното дерби за ФК Башкими во Превалец против ФК Тополка од 1:2, иако домаќините водеа со 1:0. Тоа е петта победа во петти натпревар, сите под водство на новиот тренер Драган Стефановски. Од Кочо Анѓушев екипата доби подарок нов комплет дресови.  Лидерот ФК Борец со висока победа од 8:0 славеше над 4-то пласираниот ФК Ултрас од Прилеп, а требаше тоа да биде дерби на колото, гостите се четвртопласирани. ФК Превалец победи во Росоман кој е седмопласиран, со 0:2 (0:1). 

ФК Борец по 19 коло води со 49 бода, пред ФК Превалец со 43, ФК Башкими е 7-ми со 27 бода а ФК Тополка 10-та од 12 екипи со 14 бода. Во следното коло  локално дерби ФК Башкими – ФК Борец, ФК Превалец го пречекува ФК Влазними јуниор а ФК Тополка е слободна.

Во дербито на дното, во Радовиш, ЖФК Плачковица и ЖФК Борец одиграа нерешено 1:1. Домаќинките извлекле бод, израмниле во 88 минута. И двете екипи имаа по три бода, сега се на четири, со тоа што велешанки имаат послаба гол разлика -46, наспроти радовишанки со -29. Во следното коло ЖФК Борец игра дома со ЖФК Порече од Македонски Брод, која е 3-та со 16 бода. 

Се одигра 10-тото коло на Општинската фудбалска лига
ФК Форца нова – ФК Локомотива     2:0
ФК Врановци –ФК Горски                3:0
ФК Согле – ФК Младост                   2:4
Слободна беше екипата на ФК Раштани 
                                     
                               ТАБЕЛА
1.ФК ВРАНОВЦИ            10   7  1    2  24:9     22
2. ФК. МЛАДОСТ             9   7  0   2   29:17    21
3. ФК ФОРЦА НОВА         9   6   1  2    24:12   19
4. ФК ЛОКОМОТИВА      10   5  0   5    14:21   15
5. ФК СОГЛЕ                 10   3  1   6    12:22   10
6. ФК ГОРСКИ                 9   2  0   7    14:23     6
7. ФК РАШТАНИ              9   1  1   7     7:20      4
 
Следното коло е дебито за врвот
ФК Младост – ФК Врановци
ФК Горски – ФК Форца нова
ФК Локомотива – ФК Раштани
Слободна е екипата на ФК Согле

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »