Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 ноември 2024
За фудбалерите на ФК Башкими од Горно Јаболчиште заврши есенската полуетапа од Третата лига Југ.
Денес преку нивната фб страница информираа дека комесарот за натпревари на лигата им ја прифатила жалбата за натпеварот со Слога од прилепско Лажани од 11 коло.
Тие овој натпревар го загубија со 3:1, но веднаш по завршувањето вложија жалба, дека клубот играл со наневремено уплатен долг за казни поради картони. Комесарот констарирала дека ФК Башкими е во право и го доделила натпреварот со службени 3:0.
Со овие три бода екипата од Горно Јаболчиште е на второто место со 22 бода, три помалку од лидерот ФК Големо Коњари а два повеќе од ФК Ултрас и ФК Росоман.
Во последното еснско коло требаше да играат со екипата на ФК Обршани, која се откажа од лигата а бидејќи не одигра 2/3 од натпрварите сите нејзини резутлати се бришат.
Tweet |