речник контакт

ФК Борец во Втора лига Исток започна со победа

Енис Небиоски учествуваше на ЕП во кајак слалом на диви води, веслаше под можностите

Петар Печков

Во саботата стартуваше првенството во Втората лига исток. Велешкиот лигаш ФК Борец 1919 стартуваше со победа. На гостувањето во Радовиш, против новајлијата во ова друштво, екипата на Детонит јуниор , велешани славеа со 1:0.

Единствениот гол беше постигнат во финишот на првото полувреме и тоа автогол на Никола Ѓоргиев. Во второто коло, сабота на Градски Борец го пречекува тимот на  Саса од Македонска Каменица, кој во првото коло дома беше поразен од  новакот Партизан од Обршани со 2:3. Средбата се игра во 16,30 ч. 

В среда се игра Купот на Македонија и тоа 1/16 финале.  Борец игра во Дебар против Кораб, кој настапува од ова сезона во Втората лига Запад. Во првото коло загуби дома со 0:2 од екипа та на Гостивар.  ФК Превалец во истата конкуренција  дома игра со прволигашот ФК Македонија ЃП. Двете средби почнуваат во 17 ч. се игра на еден добиен натпревар.

Викендов  во Братислава, Словачка, на патеката Чуново се одржа Европското првенство за јуниори и младинци во кајак слалом на диви води.    На првенството како единствен претставник од Македонија учествуваше велешанецот Енис Небиоски.  Во дисциплината К-1 во првата трка го зазеде 29-тото место од  62 учесници. Во полуфиналето влегоа првите 20. Во втората трка Небиоски беше 40-ти од 42 возачи. Претходно на СП за јуниори во Ивреа Италија Небиоски го освои 30-тото место а на Европското првенство потфрли.  Европски првак стана Шпанецот Мигуел Траве.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »