Петар Печков
Објавено: недела, 15 март 2026
Фудбалерите на ФК Борец со победа го зголемија водството во Третата лига Југ, откако ова коло ФК Превалец како втор, беше слободен. Најстариот велешки клуб славеше дома со 2:0 (1:0) над ФК Тополка во локалното дерби. Bтора победа пролетва за ФК Башкими од Горно Јаболчиште, го победи тимот на ФК Бучим од истоименото крушевско село, кој е сосед на табелата.
По ова 16-то коло ФК Борец е на врвот со 40 бода а ФК Превалец е втор со 34, ФК Башкими направи голем скок од дното до 7-то место со 18 бода, а ФК Тополка е 10-та со 14 бода.
Во следното коло ФК Борец повторно игра дома, овој пат противник е ФК Млекар од Прилеп кој е 11-ти со 13 бода, ФК Превалец гостува во прилепско Кривогаштани кај ФК Младост кој е 9-ти со 15 бода. ФК Башкими гостува кај петтопласираниот ФК Росоман додека ФК Тополка игра дома со ФК Венец од неготински Долни Дисан кој е 4-ти со 31 бод.
Започна пролетниот дел од првенството на Општинската фудбалска лига. Во трите натпревари постигнати се следните резултати:
ФК Раштани – ФК Согле 0:0
ФК Форца – ФК Врановци 1:1
ФК Локомотива – ФК Младост 2:0
Слободна беше екипата на ФК Горски
ТАБЕЛА
1. ФК ВРАНОВЦИ 7 5 1 1 20:7 16
2. ФК. МЛАДОСТ 7 5 0 2 19:13 15
3. ФК ФОРЦА НОВА 7 4 1 2 21:12 13
4. ФК СОГЛЕ 7 3 1 3 9:13 10
5. ФК ЛОКОМОТИВА 7 3 0 4 10:18 9
6. ФК РАШТАНИ 7 1 1 5 7:18 4
7. ФК ГОРСКИ 6 1 0 5 9:14 3
Во следното коло играат:
ФК Врановци –ФК Раштани
ФК Согле – ФК Локомотива
ФК Младост – ФК Горски
Слободна е екипата на ФК Форца нова
фото ФК Башкими
| Tweet |




