Петар Печков
Објавено: сабота, 10 октомври 2026
Натпреварот од четвртото коло на Третата фудбалска лига Југ, помеѓу ФК Вардар од Неготино и велешки ФК Борец е регистриран со 0:3 за гостите. Оваа информација ја објавија од велешкиот клуб.
„По одлука на комесарот за натпреварување, натпреварот со Вардар од Неготино е регистриран со службен резултат 0:3 во корист на Борец 1919, поради неподмирени обврски на противникот“ – пишува во објавата на ФБ профилот на ФК Борец.
Натпреварот заврши со резултат 2:2 а велешани водеа со 0:2. Со оваа одлука и трите доделени бода службено, Борец се искачи на второто место на табелата со 10 бодови. Утре недела тие дома на Градски играат со екипата на ФК Росоман.
| Tweet |




