речник контакт

ФК Борец за разделба од Прва лига, загуби дома

Порази и за женската фудбалска екипа, од Втора лига Исток испада како последно пласирана ФК Локомотива од Градско. Единствено победи ФК Превалец во Трета лига Југ

Петар Печков

Со пораз  и тоа убедлив од 1:5 фудбалерите на ФК Борец се зборуваа од Првата лига. Загубија од екипата на ФК Ренова која е шесто пласирана. Велешани почесниот гол го постигнаа во 35 преки Ибрахимовиќ кој намали на 1:3. По 33 одиграни кола велешкиот прволигаш е претпоследен 11-ти до 12 екипи со 21 бод. 

Ваков развој на една лоша епизода во клупската историја можеше да се очекува уште на првата и единствена прес конференција на клубот, пред почетокот на првенството, кога на новинарското прашање „Какви амбиции имаат во првенството“, одговор немаше ниту од управата ниту од тогашниот тренер. Да се натпреваруваш а да не знаеш што сакаш??

Од есен ФК Борец 1919 ќе игра во Втората лига, која ќе биде единствена со 16 екипи а познати се 12 екипи: Вардар, Пелистер, Борец, Охрид, Тетекс, Гостивар, Беса, Пехчево, Кожуф, Саса, Детонит јуниор и Слога Виница.

Од Втората лига Исток  излезе екипата на ФК Локомотива од Градско. Таа во последното коло загуби од екипата на ФК Пехчево со 3:0 во гости. Локосите се враќаат во Трета лига Југ а првенството го завршија како последни.

Пораз и за фудбалерките на ЖФК Борец кои на гостувањето кај лидерот  ЖФК Љуботен во Тетово загубија со 6:0. По ова 19-то коло паднаа за едно место и се 5-ти со 36 бода. Во следното го пречекуваат тимот на ЖФК Речица кој е 10-ти со 11 бода.

Единствената фудбалска победа викендов ја забележаа фудбалерите на ФК Превалец во Трета лига Југ. Тие во кавадаречка Марена, го победија истоимениот тим кој е 8-ми, со 0:2 (0:2). Превалчани по ова 19-то коло остануваат втори со три бода помалку од лидерот ФК Вардар од Неготино. Во следното коло, следниот викенд играат дома со екипата на ФК Росоман која е 4-то пласирана со 4 бода помалку.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »