Петар Печков
Објавено: среда, 25 декември 2019
Единаесет македонски клубови аплицираа за УЕФА лиценца, меѓу нив е и велешкиот прволигаш ФК Борец 1919.
Одделението за лиценцирање на Фудбалската Федерација на Македонија во тек на овој декември испрати покани до клубовите во Првата и Втората лига за доставување на пријави за лиценцирање за натпреварувачка сезона 2020/21.
Добивањето на УЕФА лиценца овозможува настап во натпреварувања во организација на УЕФА во сезона 2020/21. Лиценца побарале сите прволигаши плус штипска ФК Брегалница, која е четвртфиналист во Купот.
ФК Борец е осми на табелата по есенската сезона, со 20 бода, осум помалку од второпласираниот тим, место кое води во Лигата на Европа.
Од клубот најавија ,,4-5 квалитетни засилувања,добри подготовки, храбра борба за опстанок,голема инспирација и реализација до зацртување на целта,,.
Медиумите објавија дека од клубот заминуваат Симеон Христов, Филип Петров, Стеван Богдановски, Владимир Жоглев и српските интернационалци Ѓорѓе Ивљанин и Јован Велев.
Tweet |