речник контакт

ФК Борец се врати со бод од Струга

ФК Струга ТЛ- ФК Борец 1919 1:1 (0:0)

Петар Печков

Градски стадион Струга

 судија Стојчевски Скопје

 стрелци  Тафе 59` за ФК Струга ТЛ; Коцев 47` за ФК Борец

ФК Струга ТЛ: Ѓуриќ (ж), Цаке, Тафе, Таири, Кировски (ж), Лена (ж), Алити, Јахја,  Касами, Кочовски (ж), Османи играа и - Шаќири И Рамадани 

ФК Борец 1919: Ѓорѓиевски (ж), Пеев, Трајанов, Коцев, Прелчец, Николовски (ж), Иваљанин (ж), Ефтимов (ж), Гавриќ, Ристовски, Стојменовски  играа и - Абаз и Лазаревиќ 

Фудбалерите на ФК Борец со бод се вратија од Струга, каде во последното 18-то есенско коло  од Првата лига, одиграа нерешено со екипата на ФК Струга ТЛ 1:1 а првото полувреме заврши без голови.  Велешани поведоа со голот на Коцев на почетокот од второто полувреме во 47`. Стружани израмнија во 59-та со голот на Тафе.

До овој натпревар, на ниту едно од осумте гостувања  фудбалерите на ФК Борец немаа поволен резултат  и токму на средбата со соседот на табелата шесто  пласираниот ФК Струга ТЛ да се вратат непоразени.

Домаќините имаа бројни шанси за гол и победа, но не беа прецизни па еден бод отпатува за Велес. Одбраните на голманот Ѓоргиевски го поставија во екипата на колото.   

ФК Борец е осми од 10 екипи со 20 бода, бод повеќе од претпоследната ФК Ренова, а пет од последниот ФК Работнички и со два помалку од седмо пласираната екипа на ФК Шкупи.

Првенството продолжува на средината на февруари, на 16-ти токму со гостување кај ФК Шкупи.  Тренерот на ФК Борец Горазд Михајлов задоволен од освоениот бод признава дека стружани имаа повеќе шанси за победа. 

Сакам да им честитам на моите фудбалери кои успеаја да го скршат мразот и да освојат бод на гостински терен. Тешко беше, а не ни очекувавме поинаков натпревар. Струга Трим Љум играше далеку подобро од нас. Домаќините го диктираа темпото на игра, креираа повеќе прилики и тие можат да бидат незадоволни од бодот - изјави  Михајлов по натпреварот, за порталот ГОЛ.мк.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »