Петар Печков
Објавено: среда, 18 август 2021
Со пораз од Тетово се враќаат фудбалерите на фК Борец, во третото коло на Првата фудбалска лига. Загубија од екипата на ФК Ренова со 2:0 (1:0).
Домаќините славеа со головите на Селмани во 5-тата минута и на Ајрулаи во 83-та минута. Велешани во првото полувреме имаа две полу шанси преку Стоименовски и Талески а во финишот Зарате пропуши голема шанса, но наместо во мрежата топката ја испрати високо над голот.
По ова трето коло, ФК Борец е 8-ми со три бода. Во следното коло в недела повторно соседско дерби, овој пат со ФК Брегалница од Штип, која гостува на Градски во Велес. И таа како и ФК Борец има три бода и е едно место погоре на табелата.
Tweet |