речник контакт

ФК Борец се екипира за настап во Втората фудбалска лига

Шеф на стручен штаб е Благој Петров а тренер Диме Тодоровски. Екипата има на располагање 25 фудбалери, целта опстанок меѓу 16-те екипи

Петар Печков

Расчистени се сите дилеми, екипата на велешкиот фудбалски второлигаш ФК Борец  се екипираше и ќе настапи во престојната сезона од Втората фудбалска лига. За шеф на стручниот штаб е именуван Благој Петров, поранешен фудбалер на Борец,  за тренер, кој е лиценциран во ФФМ е Диме Тодоровски. 

Екипата на располагање има 25 фудбалери со кои ќе треба да се обезбеди опстанок во оваа конкуренција. За потсетување од годинава има единствена Втора лига со 16 екипи.

„Почнавме подоцна со подготовките, но екипата ќе биде спремна за натпреварите. Имаме доволен фонд на фудбалери, вклучени се младинци од Борец јуниор и од  Академија Нацев. Костура на екипата ќе биде со фудбалери кои потекнуваат од Велес, тука се Александар Панов, Стојанче Костадинов, Милан Чичевски, Мартин Камчев, Кирил Ивановски. Имаме фудбалери и од Скопје, Кавадарци, Прилеп. За првата полусезона, за есенскиот дел нема  да има финансиски проблеми, да се одигра истата“ - велат од клубот.

Проблемите се појавиле откако претходниот претседател потпишал договор со лице од Србија кое го презело ФК Борец,  кое се преставувало како моќен спонзор, но во пракса се покажало дека нема ништо од ветувањата, па тој си заминал а клубот останал без управа и екипа.

Комисијата за натпреварување при ФФМ донесе одлука со која се одложуваат натпреварите од првото коло на Втората Лига. Таа дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпреварите од првото коло во ВМФЛ. Во првото коло во сабота требаше на Градски во Велес да гостува екипата на Слога од Виница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »