речник контакт

ФК Борец со ФК Влазерими од Кичево во бараж за Втора лига

Натпреварот се игра на 25 мај на стадионот во Битола

Петар Печков

На пладне во просториите на ФФМ,  со ждрепка беа одредени паровите за бараж натпреварите за пополување на Втората лига. 

Велешки ФК Борец беше извлечен како последен, и му е противник на ФК Влазерими од Кичево. Оваа екипа беше прва на табелата од Третата лига Запад, каде се натперуваа осум екипи. Кичевци беа први пред екипата  на ФК Џепчиште со 13 бода предност. 

Натпреварот ФК Влазерими - ФК БОрец се игра на неутрален терен, во Битола на 25 мај, со почеток во 17 ч.. Истиот ден се играат финалињата на фудбаслките Купови на Англија, Германија Франција.

Еве ги паровите според извлекувањето, како и место на одигрување и час.  

ФК ВАРДАРСКИ - ФК КОРАБИ (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Борис Трајковски“, Маџари)

ФК ПОБЕДА Прилеп - ЗГ ФК КУМАНОВО (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Ѓорче Петров, Скопје)

ФК ВЛАЗЕРИМИ Ј 1977 - ФК БОРЕЦ 1919 (25.05.2024, 17:00 часот, стадион „Петар Милошевски“, Битола)

Бараж натпревар за пополнување на Прва МФЛ:
ФК ВАРДАР - ФК ДЕТОНИТ Плачковица (26.05.2024, 17:00 часот, стадион „Благој Истатов, Струмица)

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »