речник контакт

ФК Борец победнички и низ Прилеп, ФК Локомотива Грaдско испаѓа од Трета лига Југ

Следниот викенд промоција на ФК Борец во првак со натпревар против ФК Локомотива, во Превалец дерби, ФК Превалец – ФК Росоман

Петар Печков

Во претпоследното коло од Третата фудбалска лига Југ, лидерот велешки ФК Борец победнички низ Прилеп. Со 1:3 го совлада тимот на ФК Ултрас кој беше 8-ми од 11 екипи и остана на врвот. Натпреварот намаше натпреварувачки карактер, од минатото коло беше познато дека велешани се прваци. Второпласираната екипа на ФК Превалец загуби во прилепско Лажани од ФК Слога која беше 6-то  пласирана со 3:5 и падна за една позција, на трето место. ФК Локомотива од Градско со уште еден пораз во низата оваа пролет, а по победата на екипата на крушевски ФК Бучим, се најде на последното место. Загубија од ФК Младост од прилепско Кривогаштани со 0:4. И догодина ќе играат во Општинска фудбалска лига Велес.    Во последното коло играат во промоцијата првак на Третата фудбалска лига Југ ФБ Борец – ФК Локомотива, првиот и последниот а ФК Превалец игра дома со ФК Росоман, тоа е дерби за второ место, играат трето пласираниот и второпласираниот тим на табелата.

Потенцијални противници на ФК Борец во баражаот за влез во Втора лига, се ФК Влазерими од Кичево- Трета лига Запад, ФК Вардарски Трета лига Исток, ФК Кораби од Трета лига Југозапад. Неизвесно е на Трета лига Север, каде во трка се ФК КУманово и ФК Шкендија 77 од Арачиново. Од Втората лига дури три екипи се во игра за бараж – ФК Тектекс, ФК Осогово и ФК Победа од Прилеп.  

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »