речник контакт

ФК Борец 1919 со седум новаци ги започна подготовките (фото)

Екипата ќе замине на подготовки во Струга

Петар Печков

Лидерот на Втората лига исток, велешки ФК Борец 1919 денес напладне  ги започна подготовките за наредната пролетна полусезона. Од клубот велат дека фудбалерите покажале  голем елан, владеела добра атмосфера,позитивна енергија.  Подготовките ќе се реализираат во три фази, физички подготовки на Градски, па екипата заминува за Струга и потоа воигрување на екипата со повеќе контролни средби. 

На првиот тренинг се појавиле и  неколкумина нови играчи: Дарко Илиески, Микица Георгиевски, Филип Јаневски, Филип Петров , Андреј Ричков, Милан Чичевски и Кирил Ивановски

Екипата ќе работи во Велес на Градски  до 8 февруари а веќе од 9-ти ќе продолжи со подготовки во Струга. Таму се планирани да  се одиграат повеќе пријателски натпревари. Од клубот не соопштуваат дали некој ја напушил екипата.  

По 14 одиграни кола ФК Борец 1919 е прв со 37 бода, осум повеќе пред Тиквеш и девет пред Кожуф. Така оваа екипа на велешкиот лигаш е на прагот по скоро две децении да се врати во Првата лига. Тоа летово не и успеа во баражот. Првенството продолжува на почетокот на март. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »