Петар Печков
Објавено: недела, 24 ноември 2024
Во 12 коло од Третата лига Југ, фудбалерите на ФК Превалец и ФК Башкими од Горно Јаболчиште, победија со идентични 2:0, на домашен терен. ФК Превалец играше со соседот на табелата 4-то пласираниот тим на ФК Младост од прилепско Кривогаштани, додека ФК Башкими во Чашка го пречека исто така соседот на табелата ФК Венец од неготински Долни Дисан. По ова коло двете екипи од ОФС Велес се со ист број бодови по 19, ФК Превалец е 4-ти а ФК Башкими е 5-ти. Во следното последно есенско коло од оваа конкуренција ФК Превалец гостува во Крушево кај ФК Питу Гули кој е 7-ми со 16 бода. ФК Башкими гостува во прилепско Обршани, кај истоимениот тим, кој е претпоследен со една победа и три бода.
Се одигра последното есенско коло од Општинскaтa фудбалска лига
ФК Тополка – ФК Чашка 2 : 1
ФК Горски – ФК Форца 4 :0
ФК Бузалкова – ФК 0: 3 службено ( за домаќините играле фудбалери без право на настап)
1. ФК ГОРСКИ 7 5 2 0 18/9 17
2. ФК ТОПОЛКА 7 5 1 1 14/8 16
3. ФК ВРАНОВЦИ 7 4 2 1 19/12 14
4. ФК ЛОКОМОТИВА 7 4 0 3 19/18 12
5. ФК ФОРЦА НОВА 7 3 0 4 13/14 9
6. ФК ЧАШКА 7 2 0 5 9/14 6
7. ФК МЛАДОСТ 7 1 1 5 11/17 4
8. ФК БУЗАЛКОВА 7 1 0 6 8/19 3
Табелата не е конeчна, натпреварувачката комисија на ОФС треба да одлучува по жалбите на ФК Бузалкова и ФК Тополка. Првенството продолжува напролет.
Се одиграа последните две кола од есенскиот дел на Првата пингпонгарска лига. ППК Борец ТИМ забележа една победа и еден пораз. Велешани славеа со 4:1 над составот на ППК КУманово кој имаше победа повеќе. Загубија од лидерот и непоразениот ППК Работнички со 1:4. По одиграни 9 кола ППК Борец е 8-ми од 10 екипи со три победи и 12 бода. Првенството продолжува напролет.
Tweet |