речник контакт

ФК Превалец загуби, па ФК Борец е лидер на Третата лига Југ

Победи на ФК Башкими и ФК Тополка. Следното коло локлано дерби ФК Борец -ФК Тополка. Се одиграа 1/4 натпреври од Општинскиот фудбалски Куп

Петар Печков

Co поразот на лидерот ФК Превалец, екипата на ФК Борец ја зазеде водечката позиција во Третата лига Југ. ФК Борец победи со 1:3 во крушевски Пресил над  нископласираниот ФК Влазними Јуниор кој е 10-ти од 12 екипи.  Во Крушево се одигра и вториот натпревар на екипа од ОФС Велес  ФК Превалец  загуби  со 2:1 од ФК Питу Гули кој е шесто  место. Втора победа за засилената ФК Тополка, повторно дома овој пат над прилепски ФК Млекар со 6:0   кој е на 9-то место.  Победа и за ФК Башкими од Горно Јаболчиште во прилепско Кривогаштани над ФК Младост кој  беше 8-мо пласиран.

По ова второ пролетно коло ФК Борец е сам на врвот со 37 бода, ФК Превалец втор со 34,  ФК Тополка се искачи на 9-тото место со 14 а ФК Башкими е последен 12-ти со 12 бода. Пред почетокот на пролетниот дел од натпреварите се откажа ФК Дреново а претходно пред почетокот на есенскиот дел и ФК Слога. 

Во следното коло градско дерби  ФК Борец и ФК Тополка, ФК Башкими дома во Чашка го пречекува ФК Бучин од истоименото крушевско село а ФК Превалец е слободен.

Се одиграа четвртфиналните натпревари во Општинскиот фудбалски Куп. 
ФК Локомотива (Градско) – ФК Раштани 2:1
ФК Форца нова – ФК Младост  0:4
ФК Согле – ФК Горски   1:0 
ФК Врановци слободен

Во полуфиналето  овој месец, во дополнително определен термин ќе играат
ФК Локомотива (градско) – ФК Младост
ФК Согле – ФК Врановци  

Следниот викенд започнуваат натпреварите од Општинската фудбалска лига

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »