Петар Печков
Објавено: недела, 26 април 2026
Победа за ФК Форца нова во дербито на колото со кое се искачија на лидерската позиција во Општинската Фудбалска лига Велес. Тие со уверливи 4:0 го совлада довчерашниот лидер ФК Младост. Третиот кандидат ФК Врановци дома одигра нерешено со ФК Согле 1:1 и сам се исклучи од борбата за врвот. Во дербито на дното, двете последно пласирани екипи ФК Раштани и ФК Горски играа нерешено 2:2. Во следното коло ќе се решава првакот, тоа повторно екипата на ФК Согле ќе биде противникот на кандидатот за победник. Откако денес го елиминираа ФК Врановци, в недела го пречекуваат тимот на ФК Форца нова. ФК Младост ќе чека разрешница во натпревар со отпишаниот последно пласиран ФК Раштани.
Во 13 коло играа
ФК Раштани –ФК Горски 2:2
ФК Форца нова – ФК Младост 4:0
ФК Врановци – ФК Согле 1:1
Слободна беше екипата на Локомотива од Градско
Т А Б Е Л А
1. ФК ФОРЦА НОВА 11 8 1 2 32:13 25
2. ФК. МЛАДОСТ 11 8 0 3 35:22 24
3. ФК ВРАНОВЦИ 12 7 2 3 26:16 23
4. ФК ЛОКОМОТИВА 11 6 0 5 20:22 18
5. ФК СОГЛЕ 11 3 2 6 13:23 11
6. ФК ГОРСКИ 11 2 1 8 17:29 7
7. ФК РАШТАНИ 11 1 2 8 10:28 5
Во последното коло, кое се игра ндела на 3 мај играат:
ФК Согле – ФК Форца нова
ФК Младост – ФК Раштани
ФК Гoрски – ФК Локомотива
Слободна е екипата на ФК Врановци
Финалето на Купот на Општинската фудбалска лига треба да се игра по завршувањето на првенството на 9-ти мај на Градски. Во финалето играат ФК Младост – ФК Согле.
фото ФК Форца нова
| Tweet |





