Петар Печков
Објавено: вторник, 29 октомври 2019
Во фабриката за преработка на вода на ЈКП Дервен, денес беше предаден во користење новиот озонатор, инвестиција вредна 240 илјади евра. На овој начин е заменет досегашниот озонатор, кој е во употреба, од 1991-ва откако Фабриката е пуштена за употреба и е со застарена технологија, за кого е отежната набавката на резервни делови.
Фабриката за преработка на вода на ЈКП Дервен се снабдува со сирова вода од ЈВП Лисиче. Затоа при третманот на водат е потребно да се воведат оксидациони и дезинфекциски просеци со помош на озон.
Поради застареноста на постојниот озонатор, имавме годишно трошоци за одржување од 10 до 15 илјади евра и затоа е извршена набавка на новиот генератор за производство на озон. Генераторот е од исклучителна важност и непроценливо значење за фабриката, за да обезбедиме физичко- хемиска и микробиолошка исправна вода, која ќе ги задоволува максимално дозволените концентрации, според правилникот за безбедност на вода - кажа Јагода Аврамова инж. за квалитет на вода од Фабриката за вода.
Со новиот озонатор ќе бидат намалени трошоци при производството на вода за пиење - новиот генератор за озон работи со помала моќност на електрична енергија, намалени се трошоци за одржување на генераторот за озон, обезбеден е континуиран процес на производство на озон и воведување на автоматска работа на генераторот за озон преку процесните инструменти и СКАДА системот. На крај се обезбедува квалитетна и безбедна вода за пиење за корисниците. Новиот озонатор е производство на реномираната италијанска фирма ,, ДЕ НОРА ТПФ 37,, а ЈКП „Дервен“ за него плати 14,75 милиони денари. Овој озон генератор е најнова генерација на производство, поедноставен за употреба.
Озонот е едно ултра јако дезинфекционо средство. Тој тука во оваа фабрика ги убива сите бактерии кој се присутни. Така водата која ја пијат велешани, ќе биде бактериолошки најисправна - кажа Стево Војновиќ, од фирмата Аква инжинеринг од Белград - Србија, која ја инсталираше опремата.
Tweet |