Петар Печков
Објавено: понеделник, 25 октомври 2010
В.Г. (22), В.П. (18) , Л.С. (22) , Н.У. (17) , М.Ѓ. (16) и Д.О. (17) сите од Велес, во трите наврати минатата седмица, насилно влегле во зградата на училиштето и одзеле 3 куќишта од компјутери, 18 лап-топ компјутери, еден ДВД-плеер и еден музички систем.
Одземените предмети ги продале на различни лица за различни суми, и при тоа, добиените пари си ги поделиле меѓусебно. Велешката полиција ги пронашла сите одземени предмети и истите ќе им бидат вратени на училиштето. Седумчлената банда делата ги вршеле во група од 3-4 лица, во ноќните часови, со употреба на сила и подесен предмет влегувале во згрдата по што ја изнесувала вредната украдена стока.
СВР Велес до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против фатените крадци поради основано сомнение за сторени три кривични дела Тешка кражба, а против лицето С.Г. (24) од Велес кривична пријава поради основано сомнение дека сторил две кривична дела Прикривање, бидејќи, иако знаел дека предметите потекнуваат од кривично дело, сепак ги купил за себе.
Tweet |