Петар Печков
Објавено: среда, 18 декември 2013
Уапсени се тројца велешани, кои се обиделе да пренесат 140 кг. марихуана на западниот пазар. Уапсени се А. С. (47), М. Т. (22), Т. Д. (31). Полицијата откри случај на недозволена трговија со наркотична дрога - марихуана со висок квалитет, при што запленети се 138,936 килограми марихуана со што е пресечен меѓународен нарко-канал од Македонија преку Бугарија до западноевропските земји.
По спроведена повеќемесечна истрага вчера (17.12.) околу 10,30 часот на ГП “Делчево“ на излез од Р. Македонија, од страна на полициски службеници и службеници од Царинска Управа на РМ, извршен е претрес и преглед во камион марка МАН-влекач и приколка со велешки регистерски таблици управувано од лицето Т.Д. (31) од Велес.
При претресот во делот наменет за товар во приклучното возило, во внатрешноста на 56 даски кои се користат за придржување на товар и кои се наоѓаат на самите страници -конструкција од приколката во специјално изработени шуплини во даските пронајдени се вкупно 280 пакувања со од по околу 500 грама марихуна во секое.
Според досегашните сознанија од истрагата А. С. (48) од Велес во текот на оваа година стапил во контакт со Р. К. (40) од Скопје, и по негови инструкции заедно со М. Т. (22) од Велес организирале транспорт на марихуна на релација Македонија за западноевропките земји на тој начин што по добиени инструкции A.С набавил камион кое заедно со М. Т. го регистрирал на фирма во негова сопственост, со цел со истото да изврши транспорт на поголема количина марихуна.
За таа цел скопјанецот Р.К. во текот на декември годинава набавил марихуана заради натамошна продажба и ја однел во својот дом каде во 56 претходно специјално изработени – издлабени дрвени даски ја сместил марихуаната. Потоа ги сместиле во камионот кој требало да го изврши транспортот на марихунаната. Од нивна страна е ангажирано лицето Т. Д. (31) од Велес за да го изврши транспортот.
Според првичните резултати од вештачењето на дрогата во Одделот за криминалистичко технички испитување и вештачења при МВР утврдено е дека се работи за висококвалитетна марихуана. Запленетата количина на марихуана на нарко пазарот во западноевропските земји на големо би достигнала цена од околу 560.000 евра, а при продажба на мало околу три пати повеќе.
Во врска со спроведената акција извршени се четири претреси од кои три на подрачје на СВР Велес и еден претрес на подрачје на СВР Скопје. Поднесена е кривична пријава против лицата Р. К. (40) од Скопје, А. С. (47), М. Т. (22), Т. Д. (31) сите од Велес поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.
Има индиции дека дрогата е по потекло од Албанија, а не се исклучува ни можноста групата да е поврзана со т.н. франкфурт мафија бидејќи дел од дрогата била наменета за Германија. Инаку лицата од порано се познати на службите а пријавани се за разни кривични дела кражби, тешки кражби, одземање возило, насилство, дела од областа на безбедноста на сообраќајот.
Tweet |