Петар Печков
Објавено: недела, 07 ноември 2010
Петре Севдиновски од Струга ( 19 год), Јован Пинза од Битола ( 19 год) и Сенад Раинов од Радовиш ( 18 год) полицаец ги препознал близу Чинарот, ги легитимирал, но тие лажни се претставиле, по што биле приведени во полициска станица каде биле идентификувани.
Избеганите затвореници во полиција раскажале дека во Охрид стигнале од Штип. Попатно биле и до Струга и од соблекувална на средното училиште „Нико Нестор“ украле три мобилни телефони. Два од нив на нарко-дилер ги продале за хероин.
Тројцата затвореници од велешкиот затвор побегнаа пред десет дена. За полесно да избегаат украле од населба Превалец и еден ,,застава 1001,, со кој побегнале во Радовиш, родниот град на Раинов, каде подоцна е пронајден автомобилот и вратен на сопственикот.
Илми И. ( 17 год) од Прилеп, Матеј Т. ( 17 год) од Скопје и Даниел Г. ( 16 год) од Гевгелија се тројцата затворениците по кој сеуште се трага, а тие избегаа минатата среда. Поради овие шест бегства од велешкиот затвор, наменет за малолетници, суспендирани се петмина затворски полицајци.
Tweet |