речник контакт

Фестивалот на античка драма Стоби во септември

Причина е реконструкцијата на античкиот театар

Петар Печков

 Фестивалот на античка драма  ,,Стоби,, годинава ќе се одржи во септември, наместо во досегашниот термин средината на јули. Ова го најави организаторот на фестивалот на прес конференција. Тие  одложувањето  го прецизираа како технички причини и најавија дека е познат терминот од 5-ти до 22-ти септември. 

Годинава ќе го измениме терминот на одржување, ќе го пролонгираме месец и половина. На ова се одлучивме поради реконструкцијата и конзерваторски активности  на античкиот театар во локалитетот Стоби. Поднесовме барање до НУ,,Стоби,,, што го правиме од 2009-та наваму, за одбрение за одржување на театарските претстави.  Ни одговорија дека во овој период не се во можност, бидјеќи е исклучително небезбедно. Затоа одлучивме да го пролонгираме фестивалот во септември во зградата на новиот велешки театар. Доколку се завршат некои од градежните активности, некоја од претставите ќе одржиме  и во Стоби, ако не целата програма ќе биде во Велес во затворен простор  - рече директорот  на ФАД Стоби, Зоран Љутков.  

Во зависност од динамиката на работа во локалитетот Стоби организаторт остава можност тоа да се пролонгира и догодина, но наместо Фестивалот да паузира, се решиле да се одржува во затворен простор. Извесно е дека ќе има 5-6 македонски театри со текстови на античка тематика, како и две гостувања.  Програмата организторот најави дека ќе ја соопшти кон крајот на август. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »