речник контакт

Физикално одделение повторно активирано како ковид центар, ги прими првите пациенти

На кислородна поддршка се 55 пациенти

Петар Печков

Напливот на пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19 беа причина, повторно да се активира Физикалното одделение како ковид центар. Денес таму се примени првите пациенти, засега четири лица.

Во велешка Болница хоспитализирани се 100 пациенти, од нив 87 се потврдено позитивни, седум се сомнителни и шест пациенти се о негативен брис но задржани на болничко лекување.

Останатите пациенти се сместени 48 на  Инфективно, седум на Интерно и во Модуларна болница 41.

Висок е бројот на пациенти на кислородна поддршка, денес  се 55 или повеќе од половината кои се згрижени во велешка Болница.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »