речник контакт

Филмовите „Гладијатор 2“, македонскиот „Убиј ги прво децата“ и канскиот победник „Анора“ премиерно во 3Д киноверзум во Велес (видео)

Седум филмови, од нив четири премиери се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес, наредните седум дена

Петар Печков

Седум филмови, од нив четири премиери се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес, наредните седум дена. Меѓу нив се „Гладијатор 2“, канскиот победник „Анора“ и македонскиот „Убиј ги прво децата“.

Со светската премиера, и во Велес за „Гладијатор 2“ на Ридли Скот. Откако неговиот дом е освоен од тиранските императори, Луциј е принуден да влезе во Колосеумот и да се соочи со своето минато за да ја врати изгубената слава на својот народ.

Годинашниот победник на престижниот фестивал во Кан, „Анора“ е пред велешката публика, премиерно, петок и вторник доцна навечер.  Анора, млада сексуална работничка, стриптизета од Бруклин, се запознава и импулсивно се мажи за синот на олигарх. Откако веста ќе стигне до Русија, нејзината бајка е загрозена, бидејќи родителите тргнуваат за Њујорк за да го поништат бракот.

Премиера и за македонскиот филм „Убиј ги прво децата“ понеделник и среда навечер во 3Д киноверзум.  Убиј ги прво децата“ е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол. Тие се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео.

Премиера и за анимираниот „Големата авантура 2“.  Помина една година откако Мик Мик и Оскар се вратија од својата неверојатна авантура. И сега, по ѓаволскиот план на Вултуре да ја саботира испораката на младенчето Гризли за неговиот противник на американските претседателски избори, Мик Мик, Оскар, тинејџерот Панда и Штркот тргнаа на уште една голема авантура. Додека се возат на цепелин за да го вратат малиот Гризли на неговите вистински родители, и  спасат   американските избори и целиот континент од еруптираниот вулкан.

Aвантуристичкиот „Црвениот“ е филм кој  носи забава за публиката.Тој во САД ова седмица ја има светската премира а во Велес се прикажува втора седмица.  По шокантното киднапирање на Дедо Мраз  од Северниот Пол, командирот на Е.Л.Ф. Специјалната Единица мора да се здружи со најпознатиот ловец на глави во светот за да го спасат Божиќ.

На репертоарот е и анимираниот „200% волк“ синхронизиран на македонски.  Кога желбата на Фреди Лупин го претвора во врколак и ослободува палав месечев дух на Земјата, Фреди мора да ја врати вселенската рамнотежа пред Земјата и Месечината да се судрат.

Трета недела по ред најгледан филм во светот е „Веном: Последниот танц- американски акционен фим, за супер јунаци“. Том Харди се враќа како Веном, еден од најдобрите и најсложени ликови на Марвел, за последниот филм во трилогијата. Еди и Веном се во бегство. Ги ловат обата нивни света и како што мрежата се затвора, двојката е принудена да донесе страшна одлука што ќе ја спушти завесата на последниот танц на Веном и Еди.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »