Петар Печков
Објавено: четврток, 02 февруари 2023
Оваа седмица, од денес четврток, до следата среда на репертоарот на 3Д Киноверзум Велес неколку филмски наслови кои се актуелни и нови.
На репертоарот е филмот„ Се во исто време“ со Џеми Ли Кертис кој има дури 11 номинации за Оскар. Тој ќе биде прикажан петок и вторник во вечерните термини.
Од вечерва, четврток, во попладневните термини, сабота, недела и вторник ќе се прикажува најновиот француски филм, за Астерикс и Обеликс со Златан Ибрахимовиќ како Антивирус во најновото продолжение на Астерикс и Обеликс: Средното кралство. Урнебесната комедија со најхрабрите Гали - Астерикс и Обеликс.
Петок и понеделник во попладневниот термин е новиот американски филм „Човекот по име ОТО “ со Том Хенкс. Најголемото мрчало на светот, човекот по име Ото, се има откажано од животот. Но, кога младо и весело семејство ќе се досели во соседството, неговиот живот целосно се менува.
Нов филм кој ќе се прикажува од четврток во вечерните термини е американскиот трилер-мистерија „Тропање на колибата“. За време на одморот, девојче и нејзините родители се земени како заложници од вооружени странци кои бараат семејството да направи избор за да ја спречи апокалипсата. Ќе биде прикажан сабота и среда.
Од останатите филмови,. публика во Велс ќе може да ги гледа трилерот „Опасен лет“ сабота и понеделник во вечерен термин, „Меган“ во недела, „Аватар -патот на водата“ недела и среда.
Преку викенд, сабота и недела пладневно ќе бидат прикажани и два детски филма, новото доживување за „Мачорот во чизми „Последна желба“ и „Најдобриот роденден сега“.
Tweet |