речник контакт

Финансиска помош за отштетените од пожарот во Дворови

Сопственикот на мотел Македонија нуди и сместување. Хуманитарна акција в среда во ОУ Блаже Конески

Петар Печков

 На сите три оштетени семејство од пожарот во Дворови, од  понеделникот ноќта, локалната власт ќе им даде финансиска помош. За Јанушеви, Бошкови и Рашевски Градоначалникот одвои по 30  илјади  денари, додека Советот на општина Велес на вчерашната седница додели 70 илјади денари.

Сопственикот на Мотел Македонија,Мите Јованов, понудил таму  да се сместат семејствата кои  останаа без кров на главата. Ова го прифанало семејството Бошкови, додека Јанушеви  одлучиле д а се сместат кај нивни блиски.

 Советот на родители на ООУ „Блаже Конески“ Велес во соработка со вработените и учениците во училиштето , организира хуманитарна акција за собирање на парични средства за помош на семејството Јанушеви чија куќа изгоре во пожар. Ги повикуваат сите хумани граѓани да се вклучат во оваа акција, која ќе се одржи во поливалентниот простор на училиштето на ден 18 февруари  (среда) од 11 до 18 часот.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »