речник контакт

Финансиска помош од институциите, за семејството Давчевски

Градоначалникот и Советот по 30 илјади Министерството за труд и социјала 40 илјади денари

Петар Печков

На вчерашната седница советниците одлучија на семејството Давчевски, чија куќа изгоре до темел поред 10 дена да му доделат 30 илјади денари. 

Претходно и градоначалникот Чадиев од средствата со кој тој располага исплатил 30 илјади денари. И Министерството за труд  и социјална политика како прва неопходна помош исплатило 40 илјади денари.  Бројот на трансакционата сметка на семејството   на  Велибор Давчевски е  210501669280130 - Тутунска Банка.

Истовремено вчера, Советот одлучи финансиски да  му помогне на и на Хикмет Хусејинов, кој живее на улица Благој Нечев бр. 18, на кому од поројниот дожд на 31 август му падна дел од трошната куќа, изградена од плитар.   Нему му се доделени 15 илјади денари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »