Петар Печков
Објавено: вторник, 14 октомври 2014
По повод 100 години од започнувањето на Првата Светска војна, во Ликовниот салон во Велес, вчера вечер (понеделник) отворена е изложба на фотографии. На 20-тина паноа, претставени се дел од земјите и нивното учество во војната, без оглед од која страна биле. За отворањето владееше голем интерес кај велешани, кои сака да видат дел од историјата.
Војната не е добра за никого, ниту за победниците, ниту за поразените. Таа не ги решава проблемите. Затоа на овој начин сакаме на сегашните генерации да им понудиме дел од емотивното доживување учесниците на Првата светска војна преку фотографија. Благодарност до сите амбасади кои ни понудија дел од нивната историја – рече Александар Кривошеев, аташе за култура на Руската амбасада.
На дел од паноата се прикажани и големите битки, кои денес се подзаборавени. Изложбата е организирана од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија и Меѓународниот Славјански Универзитет.
Подготвена со помош на Амбасадите на Австрија, Бугарија, Велика Британија, Германија, Италија, Србија, Унгарија и Франција. .Првата Светска војна 1914-1918 траеле 1554 дена, учествувале 38 држави, се бореле 74 милиони луѓе, загинале 10 милиони. Тогаш за прв пат е користено хемиското оружје. По војната престанале да постојат Австро-Унгарија, Отоманското царство, Руската и Германската империја.
Tweet |