Зоран Николов
Објавено: петок, 02 декември 2005
[b] 1[/b]Истиот ден кога од Брисел пристигна позитивното мислење за нашата кандидатура за ЕУ, се објави и извештајот на Светската банка за сиромаштијата. Во Европска Македонија еден вработен со мала плата, издржува петмина невработени. Или, 500 илјади граѓани на Македонија живеат во апсолутна сиромаштија. Просечен македонски граѓанин живее со 88 денари дневно. Преведено во успешна европска приказна за Македонија, тоа е помалку од евроипол дневно. Тие што се радуваа и пуштаа балони во небото не живеат со евроипол дневно. Тие се радуваат за нешто што не може да избега. Божем Македонија има друга опција, освен да биде во ЕУ. Во САД не може да влеземе - сигурно. Туку, наместо да се радуваат на фиктивната иднина, нека покажат малку загриженост и ангажираност да ја поправат реалната сегашност. Баш ми е гајле дали ќе влезам во ЕУ уште утре, ако имам само евро и пол во џебот. Од балони не се живее. Тие се надувани. [b]2 [/b] Паника меѓу бебињата во Македонија. Нема пелени во аптеките и по продавниците. Сите резерви ги купиле Бучко, Рада и Илинка. Се подмочале од радост. [b]3[/b] Франција е зрела за Рамковен договор. Емигрантите од гетата во предградија се бунтуваат 13 дена. За разлика од нас, на кои ни требаше странска помош и олеснувачи да се спогодиме со бунтовниците, Французите се во привилегирана позиција. Тие си ги имаат олеснувачот Леотар, и Бадинтер. Им фали само Пердју да им го позајмат Американците. Бидејќи ние успешно менаџираме кризи, а и кандидатурата за ЕУ ја добивме како награда за рамковниот договор им ги ставаме на располагање на Французите, а и на другите на кои ќе им притреба стручен совет нашите искуства од 2001 година. Ова е списокот што треба да направат: - Прво да седнат во кафеана и да ручаат. - Потоа да одат во Сен Тропе на Азурниот брег и да преговараат со командантите на бандите од предградијата. Така се прави Сен Тропе договор. - Да прогласат општа амнестија за бунтовниците. - Автомобилите што гореа и државните згради што настрадаа во пожарите да ги прогласат за колатерална штета. - Да си го сменат Уставот. - Командантите на бандидите да ги направат министри. - Да има правична застапеност во јавната администрација. - Да направат мешовити мултиетнички полициски патроли. - Да воведат двојазичност во париските општини каде што имаат над 25 отсто емигранти. - Во парламентот да си набават слушалки и да вработат преведувачи. - Да донесат закон за употреба на знамињата на Мароко, Алжир, Тунис, Мавританија, Сенегал и другите бивши франсуски колонии заедно со знамето на Француската република пред општинските згради и на улиците за време на државните празници. - Да стават двојазични табли на главните париски улици. - Пасошите и личните карти да им бидат двојазични. - Да им отворат државен универзитет. - Судиите, вклучително и Бадинтер да не може да се избираат без Бадинтерово мнозинство. - Европската комисија од Брисел и Стејт департментот од Вашингтон да ги пофалат за напредокот во спроведувањето на Договорот од Сен Тропе. Откако сето тоа ќе направат и нам во Македонија ќе ни падне камен од душата. Нема да бидеме единствената држава во Европа што меѓуетничките проблеми ги решила по европски стандарди. [b]4[/b] Франција е во предност. Полесно ќе ги интегрира бунтовниците. Тие се родени во Франција и знаат француски. За разлика од нашите бунтовници кои се родени во Македонија, а македонскиот јазик го пријавуваат како странски јазик кога бараат работа во државната администрација. [b]5 [/b]Новинарката Рајмонда Малечка од Албанија е осудена на 5 години затвор за подготвување тероризам. Го снимала Красниќи и неговата група во Кондово како вежбаат со оружјето. Рајмонда снимала со камера и доби пет години затвор. Да била со калашников или со минофрлач ќе добиеше 4 години министерска фотеља. [b]6 [/b]Македонија не извезува шупелки. Ги праќа во странство како амбасадори. [b]Наградно прашање[/b]: Кое од овие две ќе биде новото македонско знаме?
Tweet |