речник контакт

Французинката Лајла игра македонски ора и пее македонски песни

За Лајла, Велес е втор дом

Петар Печков

И ова лето Французинката со дански пасош Лајла Лапартијан е во Велес. И тоа вообичаено  доаѓа во време на фестивалот на фолклорни ансамбли.  Таа е членка на друштвото Вила Зора каде членува  седум години.    Лајла е голем љубител на македонските ора и секоја година дел од нејзиниот живот го минува во Велес.

Секогаш кога имам слободно време, јас доаѓам во Велес.  Тука живеам, имам круг  на пријатели, игроорци, со кои го минувам времето. Учам македонска ора, тоа е мојата силна желба – вели Лалја.

Таа работеше во неколку позатни светски авио компании, но поради намалување на бројот на вработените, постојано е на листата на тие што заминуваат или на неплатен одмор или ја напуштаат. Последната агенција каде работела бил Египет Еир.

Денес се` се работи преку компјутери, електронски. Купување карти, чекирање, потврдување. Нема повеќе потреба од луѓе кои ќе имаат контакт со патниците. Се е од дома  и тогаш разбирливо е што за нас, кои ја работевме оваа работа, нема потреба – објаснува Лајла.  

И затоа додека неколку месеци, вообичаено лете е во Велес, таа работи со игроорците од КУД Вила Зора. Таа по препорака на нејзина пријателка се запишала на семинар за македонски ора кој ги водел велешанецот Сашко Атанасов. Тоа се случило во 2004-та година кога за прв пат заиграла и   потоа вечно се вљубила во нашиот фолклор. Тоа било во областа Бретања, од каде  е родум, но потоа  во секоја пригода, го посетувала секој семинар каде се учеле македонските ритми. Наученото изминатите години, сега го  применува во пракса. Три пати неделно заедно со останатите играорци од КУД Вила Зора неуморно работи на нејзино усовршување.

Лајла е прекрасен човек, одличен ученик. Со голема љубов ги научи повеќето македонски ора, кој малкумина може да се пофалат дека ги знаат. Не се жали, туку со насмевка  предадено неуморно работи. Со нас беше на сите наши настапи во земјава. Со нас настапува и на гостувањата и странство. Никој и не ја знае нејзината прикаска дека е странец, кој го сака македонскиот фолклор – вели кореографот Сашко Атанасов.

Французинката со данско место на живеење, велешанка во срце,  ги знае Пајдушко, Елено моме, Водарки, Повардарие... Се вљубила во Македонија и тука нашла голем број пријатели. Многу интересно го дефинира животот во земјава.

Во Македонија е тешко но многу убаво да се живее. Тешко е бидејќи нема пари и работа, но е  прекрасно да се живее, има луѓе во вистинска смисла на зборот. Можам да одам каде сакам, има музика, има живот. Во Франција и Данска каде живеам има пари, но верувајте нема живот, се е скапо, нема време. Тука во Велес постојано сите се по улица, во движење, се познаваат, пријатни темпераменти  луѓе  -објаснува Лајла која одлично го зборува македонскиот јазик.

Иако живееле и во Русија и Тунис, таа се решила втора татковина да и биде Македонија. За годините минати тука, Лајла научи да вари ракија да пече ајвар и тоа со гордост го кажува на нејзините пријатели во Франција и Данска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »