Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 мај 2014
Втора лига Уше еден порази тоа за крај во оваа конкуренција, за младинската екипа на велешкиот второлигаш кој загуби на домашен терен. Борец Корзо 1:4. Борец првенството од Втората лига го заврши како последен 16-ти оти натпреварот од последното коло против Руфеја нема да се игра, домаќините се откажаа на полусезона од лигата. Така Борец по само една сезона се враќа во Трета лига југ. А имаше проект Борец во Европа, па друг проект одбор за спас на Борец...
Фудбалерките на Борец загубија со 7:0 во реванш натпреварот од полуфиналето на фудбалскиот куп на Македонија. Тие се поразени од Кочани а на првата средба во Велес резултатот беше 8:0. Така кочанчанки се пред двојна круна.
Ракометарите на Борец загубија во Чаир од екипа на Риниа М со 31:29 иако на полувремето велешани воделе со 14:11. Со овој пораз Борец ги загуби теоретските шанси за второто место и надежта за бараж натпревар. Тие во последното коло играат токму против второпласирана екипа на Работнички во Скопје.
Ракометарките на Борец во Куманово загубија со високи 37:15 од второпласираниот тим на Куманово. Ова беше натпревар од 16-тото коло а Борец е 8-ми од 10 екипи со 14 бодови.
Tweet |