речник контакт

Фудбалерот Прелчец, кој на четири натпревари му донесе радост и победа на ФК Борец

Прелчец најавува ќе има уште голови и победи

Петар Печков

Хрватскиот интернационалец Никола Прелчец, со четири постигнати гола му донесе 12 бода на неговиот клуб ФК Борец 1919. Тој  ги постигна решавачките голови, кои значеа победа  против ФК Шкендија, ФК Струга, ФК Шкупи и ФК Академија Пандев. Постигна и гол против ФК Македонија ЃП во Скопје, кога велешани поведоа но до крајот примија три и загубија. 

Разбирливо е што по големата радост што ја донесе Прелчец, тој стана љубимец на публиката, која во голем број доаѓа на Градскиот стадион во Велес.  Прелчец  е роден во Заечар а 29 години од животот минал, растел и играл фудбал во Пула.  Ја минал фудбалската школа на ФК Истра од Пула и поголемиот дел од животот играл во Првата фудбалска лига на Хрватска, настапувајќи за ФК Истра од Пула а минатата сезона во Втора Хрватска лига за ФК Дуго поље и ФК Лучко.

Примен сум повеќе од добро и во клубот и во градот, се чувствувам пријатно тука. Што се однесува до лигата, ја запознав, одигравме со сите клубови по еден натпревар. Има три клуба кои  по квалитет отскокнуваат, остатокот е доста изедначен. Како клуб ФК Борец има простор за напредок и очекувам  дека  ќе бидеме се подобри,што може да се заклучи од последните настапи. Како тргнавме, се сме подобри - вели Прелчец.  

Играл се во кариерата, од играч за врска, крило до шпиц фудбалер, кое се покажа дека добро му лежи,  скромно вели ,,најмногу ми одговара,,. Со екипата на ФК Дуго поље бил втор голгетер на лани есенската полусезона во Втората Хрватска лига. По настапот за овие клубово летово доаѓа во Велес. 

Мојот агент ме праша дали би играл во Македонија, во Прва лига. Се распрашав, видов каква е конкуренцијата  и  се одлучив да дојдам, бидејќи не сакав повеќе да настапувам за клубови од Втората Хрватска лига. Мислам дека сторив паметен чекор, бидејќи ова е Прва лига -додава Никола. Со Борец има договор за една година. Од десет постигнати гола на велешани, половината , пет се на Прелчец. 

Имаме проблем што на гостувањата играме на природна трева а тренираме и играме во Велес на вештачка, постојано сме тука а има разлика меѓу природна и вештачка. Ни доаѓаат екипи кои два пати  цела година играат на вештачка трева а ние секој втор натпревар е на природна трева и ни е потешко од другите екипи.  Ова не сакам да се сфати како оправдување, но е битен фактор во играта и резултатите на страна - кажа Прелчец. 

фото: Радица Дукова

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »