Петар Печков
Објавено: сабота, 20 октомври 2018
Од петочниот хуманитарен турнир на фудбалските ветерани се собрале 65,5 илјади денари. Истите им биле врачени на Здружението на лица заболени со церебрална парализа.
Планираме да купиме комбе за превоз на нашите членови. Овие средства ќе ги искористиме за таа цел. претходно млад брачен пар Моника Крстевска и Славчо Ангеловски, на гостите на свадбата одлучиле наместо цвеќе, собраните пари да ни ги донираат нас. Тоа беа 24,5 илјади денари. До крајот на годината ќе имаме и други активности, по што ќе можеме да го губиме ова превозно средство - рече Далиборка Златева претседател на Здружението на лица со церебрална парализа.
На фудбалскиот турни на фудбалските ветерани учествуваа четири екипи и сите учесници донираа средства. Меѓуи нив беше и Саша Ќириќ капитен на репрезентацијата на ветерани на Македонија.
Традиционално учествуваме на вакви турнири, дека треба да се помогне. Сакаме да внесеме малку светлина во животот на овие лица - кажа Кириќ.
Tweet |