Петар Печков
Објавено: четврток, 06 октомври 2016
Во четвртото коло од Третата фудбалска лига Југ, Борец 1919 испрати уше еден противник со полна мрежа голови. Овој пат ,,жртва,, беше екипата на Големо Коњари која беше поразена со 8:0. Екипата на Гемиџии која најавуваше големи планови, загуби во Росоман од истоимената екипа со 1:0, што беше прва победа за домаќините. Дербито на колото на второ и трето пласираната екипа на Превалец и Кожуф од Гевгелија е одложена за 19-ти октомври. По ова коло Борец е лидер со четири победи од четири натпревари и гол разлика од 25:1. Во следното петто коло Борец 1919 гостува во Крушево на Питу Гули, кој е шести со пет бодови. Во Велес недела од 15ч. на Градски стадион се игра градското дерби помеѓу Гемиџии и Превалец.
Четврто коло на општинска фудбалска лига
Младост – Тополка 2:4
Мак. Сонце – Горски 6:1
Бирлик – Интернационал 6:1
Илинден – Башкими 0:2
Бабуна – Форца нова 5:1
Cлободна екипата на Мартолци
табела
1. Македонско сонце 4 4 0 0 16:1 12
2. Бирлик 4 3 0 1 15:5 9
3. Мартолци 3 3 0 0 14:7 9
4. Илинден БС 4 3 0 1 8:5 9
5. Бабуна 3 2 0 1 8:3 6
6. Башкими 4 2 0 2 10:6 6
7. Тополка 4 2 0 2 9:10 6
8. Форца Нова 4 1 0 3 5:7 3
9. Младост 3 0 0 3 2:9 0
10. Горски 4 0 0 4 4:17 0
11. Интернационал 3 0 0 3 4:19 0
Следно коло
Тополка – Бабуна недела Превалец 15ч.
Горски –Младост недела помошно игралиште парк 13ч.
Интернационал - Илинден недела Гр. Стадион 10 ч
Мартолци – Бирлик недела Чашка 15ч.
Башкими – Мал. Сонце сабота Чашка 15ч.
Слободна екипата на Форца нова
Tweet |