Петар Печков
Објавено: понеделник, 15 октомври 2018
Шампионот КМФ Велес во голем стил ја совлада екипата на КМФ Кратово со 12:3 (8:1). Средбата се одигра во салата Гемиџии и единствена непозната беше со колку гола гостите ќе си заминат од Велес. Вториот велешки прволигаш КМФ Гемиџии 1903 загуби во Штип од екипата на КМФ Астибо со 1:4(1:3). По ова коло КМФ Велес е втор со 10 бодови а КМФ Гемиџии е осми со шест бодови. Во следното коло КМФ Гемиџии1903 дома игра со лидерот КМФ Шкупи а КМФ Велес гостува во соседското дерби Скопје на КМФ Железарец кој е трети со девет бодови.
Фудбалерките на ЖФК Борец доживеаја уште еден тежок пораз. Дома на Градски загубија од ЖФК Тетово со 0:10 (0:4). Осетно подмладената домашна екипа годинава е лесен противник за противниците па така беше и на оваа средба, иако по пет кола има две победи. По ова кола велшанки се претпоследни без бодови а во следното коло гостуваат во Радовиш, на последната екипата од табелата ФК Плачковица. Тоа е можност една од двете екипи за забележи и конечна радост.
Поради настап на тројца членови на ФК Борец за младинската репрезентација на турнир во Русија, дербито од Втората лига Исток ФК Борец 1919 -ФК Тиквеш 1930 е одложено за 30-ти октомври.
Поради настап во евро купот ЕХФ на скопски Пролет викендов во Чешка, средбата од петтото коло е одложена за в среда , се игра во салата Гемиџии.
Кошаркарите на КК Борец со победа стартуваа во Втората лига Исток. Дома победија со високи 73 поени против кумановската екипа на Милановски 121:48. Најефикасни кај домаќините беа Камишев 26, Виларов 22 и Мартин Караколев 21. Во следното коло гостуваат на екипата на Баскет КАМ во Македонска Каменица. Во оваа конкуренција настапуваат 13 екипи.
Tweet |