Петар Печков
Објавено: четврток, 25 јануари 2018
Во осмина финаеето од футсал Купот на Македонија, екипата на КМФ Велес е елиминирана од екипата на Шкендија во Тетово. Резултатот е висок 13:10, полувреме 6:3 за домаќините. Велешани кои минатата година го освоија купот, со победа против Шкупи во Струмица од 6:3, овој пат рано се елиминирани уште на стартот на ова натпреварување.
Иако фаворит, со истиот состав со кој се лидери на табелата и без пораз, КФМ Велес неочекувано загуби од Шкендија, која е екипа од средината на табелата, но Купот секогаш носи изненадувања.
Така оваа сезона Македонија ќе добие нов Куп освојувач. Викеднов, во сабота продолжува првенството со 13-тото коло и дома во салата Гемиџии велешани играат со екипата на Јувентус Серава, но без публика.
Tweet |